Ако патуваме често, веројатно имаме омилен аеродром. Можеби е поради брзите безбедносни проверки, поради нашиот омилен бургер бар, или едноставно затоа што чувствуваме дека местото постојано се развива. Ако ги цениме аеродромите кои напорно работат на подобрување, време е да се запознаеме со амбициозните планови на реновираниот амстердамски “Схипхол”.

Добро, официјално “Схипхол” сè уште не поминал низ голема реновација. Но, неговите планови се огромни – вредни и до 10 милијарди евра. Третиот по големина аеродром во Европа минатата недела го објави новиот главен план — и ветува дека ќе го промени искуството на милиони патници.
Нови врски, полесно движење
Се предвидува подобрен пристап со јавен превоз, вклучувајќи нова метро линија која ќе ги поврзе Амстердам, Схипхол и градот Хуфдорп. Планирани се и подобри патни врски во областа.

Целосно нов терминал
Најголемата промена е изградбата на целосно нов терминал – Терминал Југ. Тоа ќе го олесни товарот на речиси 66 милиони патници годишно и ќе обезбеди простор за поголеми авиони. Новата зона ќе понуди модерни салони, повеќе места за јадење и пошироки простори за удобно патување. Аеродромот исто така ветува подобри услови за персоналот, што е одлична вест за оние што работат таму.
Зелена револуција
Schiphol сака да ги намали своите емисии на јаглерод за 90% до 2030 година, вклучувајќи електрифицирање на копнените возила, проширување на употребата на чиста енергија, строги еколошки стандарди за сите нови згради и ограничување на бучавата со усвојување на потивки авиони.

Кога ќе биде готово
Големите трансформации ќе бараат време. Целосното завршување се очекува околу 2050 година, но уште во 2027 година треба да се отвори првата нова фаза – модерна зона за полетувања.
Извршниот директор на Schiphol, Питер ван Оорд, рече дека целта е аеродромот да остане “дом за патниците ширум светот, центар за стоки и столб на нашата економија.” Тој ја сумираше визијата со две зборови: “квалитет и рамнотежа”.




