дома Локално Половина тетовско без струја

Половина тетовско без струја

 Денеска 28 ноември, голем број населени места во Тетовско ќе останат без електрична енергија поради најавени планирани прекини од страна на енергетските служби. Прекините ќе траат во различни периоди од денот – од 08:00 до 12:00 часот и од 09:00 до 14:00 часот, зависно од локацијата.

Според објавените информации, без струја од 08:00 до 12:00 часот ќе останат следните населени места: Доброште, Јажинце, Ораќе, Теарце, Слатино, Старо Село, Одри, Туденце, Јегуновце, Пршовце, Варвара, Глоги, Лешок и Нераште.

Од 08:00 до 12:00 часот прекин е најавен и за Подбрегје, Раотинце, Беловиште, Првце, Копанце, Теарце, Вратница, Туденце, Јанчиште и Рогачево.

Вториот блок на прекини е најавен од 09:00 до 14:00 часот и ќе ги опфати: Желино, Подбрегје, Јанчиште, Јегуновце, Раотинце, Прељубиште, Туденце и Копанце. Дел од Желино и Ново Село ќе бидат без струја до 14:30 часот.

Прекин ќе има и во делови од градот Тетово – објектите на улицата „Иво Лола Рибар“, во близина на Градскиот стадион, исто така ќе останат без електрична енергија од 09:00 до 14:30 часот. Село Палатица е најавено за прекин во периодот од 09:00 до 14:00 часот.

Компанијата апелира жителите навремено да се подготват, особено домаќинствата и бизнисите кои зависат од електрична енергија, бидејќи прекинот ќе опфати голем дел од тетовската околија.

ПредходнаФестивал на австралиски филм во Кинотека
СледнаЗемјотрес со јачина од 5,1 степени го погоди Иран