дома Македонија Политика Прво да ги затоплиме односите, па ќе размислуваме за трет протокол или...

Прво да ги затоплиме односите, па ќе размислуваме за трет протокол или за друг начин со Софија, вели Муртезани

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани вели дека прво треба да се затоплат односите со Софија, да заживее дијалгот, да се врати довербата, па потоа ќе се размислува за надминување на спорот евентуално со трет протокол, како што неодамна најави претседателката Гордана Сиљановска Давкова или на некој друг начин.

Муртезани денеска имаше средба со шведската министерка за европски прашања Јесика Розенкранц и на заедничката прес-конференција со неа истакна дека во моментов со европоски партнери работат на затоплување на односите со Софија.

– Тоа што се работи константно по локалните избори заедно со нашите европски партнери е воспоставување на дијалогот и враќање на довербата, бидејќи без дијалог и доверба не може да стане збор за надминување на проблемот. Во моментов се прават напори за воспоставување дијалог и градење доверба, а потоа ќе стане збор и за можните начини за надминување на проблемот, рече Муртзани.

Сиљановска Давкова во гостувањето на ТВ 24 го спомена третиот протокол, како креативно решение.

– Има протокол, тоа е записник обичен потпишан од двајца министри. Со записник вие менувате меѓународен Договор или му додавате. Отворете го Договорот за пријателство и добрососедство, еден збор нема таму за уставни измени. Тогаш нека бидат креативни, трет протокол нека усогласат во кој ќе кажат дека не може прашањата врзани за историјата, културата и идентитетот да бидат услов, посочи претседателката.

 

ПредходнаСтрумичанец со пестицид и нож се обидел да ја убие сопругата
СледнаНа уставните мора да се работи, но сега поважно е да се адресира нашата загриженост, ја коментираше Муртезани стопроцентната увереност на Агелер