Џенифер Лопез сподели низа фотографии на Инстаграм, на кои што покажува како таа ан свој начин го слави американскиот празник Ден на благодарноста.

На фотографиите може да се види целата трпеза.
Во преден план е подготовката на традиционалната мисирка, како и колачите, особено питата од јаболка, како и целата гозба на масата.
„Ова се само дел од моите омилени работи. Среќен Ден на благодарноста, се надевам дека ќе имате убав ден“, напиша латиноамериканската пејачка.
За оваа пригода, Џеј-Ло облече сатенски светлорозов фустан и необични потпетици, а во согласност со подготовката на бројните јадења, стави и престилка за готвење, пишува порталот „Кликс“. Таа покажа и како изгледа нејзината украсена елка, посочувајќи дека веќе се подготвува за Божиќ и новогодишните празници.




