дома Македонија Општество „Марш на ангелите” во Кочани: Со љубов и болка, за човечност, за...

„Марш на ангелите” во Кочани: Со љубов и болка, за човечност, за Македонија со совест

Во Кочани денес повторно ќе се одржи „Маршот на Ангелите“, ќе започне во 14:05 часот, под мотото: „Со љубов, со болка и со достоинство – во име на оние кои повеќе не се тука“.

Организаторите потсетуваат дека зад секоја статистика стои човек – живот што не може да се врати и болка што не избледува.

„Нашата мисија е длабока и човечка: за нашите деца, за вистинска правда, за Македонија со совест“, истакнуваат родителите.

Клучно е велат, општеството да покаже дека неправдата не смее да остане незабележана и дека има луѓе кои не се откажуваат од вистината.

ПредходнаХороскоп за викендот: Сабота ќе биде како акционен филм, неделата носи мир
СледнаМеџити потврди – Беким Сали предлог за прв вицепремиер, Мухамед Хоџа за нов министер за животна средина