дома Магазин Ванеса Хаџенс стана мајка по втор пат

Ванеса Хаџенс стана мајка по втор пат

Ванеса Хаџенс откри во јули дека го очекува своето второ дете. Таа ја објави веста со објава на Инстаграм со фотографии од фотосесијата со нејзиниот сопруг Кол Такер, на која веќе се гледаше нејзиниот растечки стомак. „Втор круг“, напиша актерката во описот на објавата.

Сега, неколку месеци подоцна, Ванеса Хаџенс  повторно сподели на својот профил на социјалните мрежи дека се породила и дека нејзиното семејство сега брои четири члена.

„Па, успеав. Имав уште едно бебе!!! Какво диво патување е породувањето. Големи честитки до сите мајки. Навистина е неверојатно што можат да направат нашите тела“, пишува во описот на објавата со фотографија од актерката од болничкиот кревет, на која таа го држи за рака својот сопруг.

Полот и името на бебето сè уште не се познати, но 36-годишната актерка и 29-годишниот бејзбол играч не објавија никакви детали за нивното прво дете, кое се роди минатото лето.

Сепак, Ванеса Хаџенс  зборуваше малку повеќе за мајчинството и нејзиниот план да ги запознае своите деца со нејзината работа. Всушност, актерката вели дека нејзиниот избор на филмови во кои ќе глуми отсекогаш бил воден токму од оваа идеја.

„Ќе им ја покажам на моите деца целата моја работа. Затоа ги одбрав овие работи во мојот кариерен пат. Сакав да бидам сигурна дека кога ќе имам деца, ќе има по нешто што ќе го гледаат на секоја возраст“, ​​откри таа во интервју за E! News минатата година. 

Ве потсетуваме дека Ванеса Хаџенс и Кол Такер се запознаа за време на пандемијата на Ковид, а официјално ја објавија својата врска во февруари 2021 година. Нешто повеќе од две години подоцна, тие се венчаа на церемонија во Мексико.

ПредходнаВремето денеска: Сончево со мала облачност и температура до 15 степени
Следна2 домашни лекови против кашлица што ќе ве натераат да заборавите на сирупите