
Во првите 12 часа од стартот на пробниот период на системот „Безбеден град“ (Safe City) регистрирани неверојатни 65.000 прекршоци.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски информира дека со проект започнуваат нова етапа во унапредувањето на сообраќајната безбедност – сторителите на сообраќајни прекршоци ќе добиваат електронско известување за сторениот прекршок, документиран со современи технички средства и уреди за снимање.

„Нашата цел е јасна: повеќе безбедност, помалку прекршоци и нулта толеранција за несовесно возење, без разлика дали се работи за урбана зона или пат надвор од населено место“, вели Тошковски на Фејсбук.
Од 65.000 прекршоци, за поминување на црвено светло биле 2800 и за нерегистрирано возило 1000.




