дома Магазин Џорџ Клуни на шега признава дека сè уште е лут што Бред...

Џорџ Клуни на шега признава дека сè уште е лут што Бред Пит му ја присвоил улогата од 1990-тите

Американскиот актер Џорџ Клуни откри дека сè уште го нервира фактот што неговиот пријател, американскиот актер Бред Пит, добил филмска улога во филмот „Телма и Луиз“ на почетокот на деведесеттите години, што, како што вели, можело да ја лансира неговата кариера.

Клуни и Пит, тогаш млади актери на прагот на филмска афирмација, често се појавуваа на истите аудиции, пишува денес британскиот Индепендент.

Сепак, Пит првпат се здоби со слава откако доби улога во филмот „Телма и Луиз“, што му ја отвори вратата кон Холивуд.

ПредходнаЏош Стоун ќе настапи во Белград на 22 јули 2026 година
СледнаФондацијата „Брижит Бардо“ им испраќа порака на фановите за состојбата на познатата актерка