дома Свет Балкан Грчките земјоделци го блокираа граничниот премин Евзони. Нема влез -излез

Грчките земјоделци го блокираа граничниот премин Евзони. Нема влез -излез

 Грчките земјоделци од 12 часот по локално време го блокираа граничниот премин Евзони кон Северна Македонија , како за влез, така и за излез од Грција и  не се знае до кога ќе трае блокадата.

Според грчката новинска агенција АНА-МПА, во конкретниот дел собрани се над 150 трактори и земјоделски возила, а блокадата на земјоделците од областа Пеонија постојано се зајакнува.

Граничниот премин беше затворен и вчера во 18 часот, првично беше блокиран влезот во Грција само за камиони, а потоа земјоделците продолжија со општа блокада, се до полноќ.

Тензии на протестот на земјоделците во Грција

 

Блокади има и во други делови на Грција, кај патарината на излез од Солун на автопатот за Атина, како и во близинс на градовите Лариса и Кардица на истиот автопат.

ПредходнаМајли Сајрус поттикнува гласини за веридба со дечко шест години помлад
СледнаГенерацијата З рече дека нема да работи поради смрт во семејството. Шеф: “Дојди на состанокот”