дома Локално Затекнати 26 малолетници по полноќ во угостителски објект во Свети Николе

Затекнати 26 малолетници по полноќ во угостителски објект во Свети Николе

Kонтрола во угостителски објект во Свети Николе, затекнати 26 малолетници после 24:00 часот, од нив 14 под дејство на алкохол

На 30.11.2025 во 00.10 часот, полициски службеници од СВР Штип – ОВР Свети Николе, во содејство со инспектори од Дирекција за заштита и спасување, Државен пазарен инспекторат, Управа за јавни приходи, Државен трудов инспекторат и Центар за социјални работи, извршија контрола во угостителски објект во Свети Николе.

При контролата, во угостителскиот објект се затекнати 26 малолетни лица после 24:00 часот, од кои 14 беа под дејство на алкохол.

По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следуваат соодветни пријави против одговорните лица. Воедно, од другите ангажирани инспекциски служби утврдени се низа прекршоци за кои ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

ПредходнаСтаросна, семејна, воена..во октомври бројот на пензионери достигна 346.386. Просечната пензија над 27.000 денари
СледнаНедовршената ремек-дело зграда, прогласена за обележје број 1 во светот