дома Македонија На предлог на Филипче, оставки поднесоа раководството на партијата и членовите на...

На предлог на Филипче, оставки поднесоа раководството на партијата и членовите на ИО

На предлог на лидерот на СДСМ вечерва оставки поднесе целото раководство на партијата и членовите на Извршниот одбор. Оставки поднесоа заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациските секретари и сите членови на Извршниот одбор.

Оставките се поднесени до Централниот одбор кој на некоја од наредните седници треба да ги разгледа новите членови на органите на партијата на предлог на лидерот на партијата. 
– Со овој одговорен и морален чекор раководството на СДСМ отвори простор за ново поглавје. Следува период на кадровско освежување и зајакнување,  вклучување и на нови лица, организациска поставеност, внатрешна мобилизација, за нова сила и нова енергија на СДСМ, соопшти вечерва партијата.

Кадровското освежување на партијата вечерва го најави лидерот на партијата кој во интервју за телевизија Телма најави дека ќе побара од сите членови на Извршниот одбор и од раководството на партијата да поднесе оставки. 
ПредходнаЛидерот на СДСМ најавува кадровско освежување во партијата
СледнаПутин разговараше со човекот на Трамп пет часа. Неговиот помошник даде значајна изјава