дома Свет Приведена Федерика Могерини

Приведена Федерика Могерини

Приведена е поранешната претставничка на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика Федерика Могерини заедно со уште две лица чиј идентитет засега не е објавен. Тие се сомничат за измами со јавни набавки, корупција и судир на интереси.

Тројцата се приведени во рамки на истрагата поврзана со наводна злоупотреба на средства на Европската Унија.

Денеска полицијата изврши претрес во седиштето на Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС) во Брисел, во Колеџот на Европа во Бриж и во неколку приватни домови во Белгија.

Истрагата е поврзана со „Дипломатската академија на Европската Унија“. Тоа е деветмесечна програма за обука за помлади дипломати на ЕЕАС што врз основа на распишан тендер му е доделена на спроведување на Колеџот на Европа, а истрагата треба да утврди дали Колеџот на Европа однапред бил информиран за критериумите во тендерската постапка, дури и пред официјалното објавување на тендерот од страна на Европската дипломатска служба.

ПредходнаЗа едно деноноќие 110.000 прекршоци во сообраќајот, над 90 проценти за брзо возење
СледнаЛидерот на СДСМ најавува кадровско освежување во партијата