дома Македонија Адем Чучуљ нов претседател на Антикорупциската комисија

Адем Чучуљ нов претседател на Антикорупциската комисија

Адем Чучуљ е избран за нов претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата. Тој денеска со 82 гласа „за“ е избран на пленарна седница во Собранието.

Чучуљ досега ја извршуваше функцијата генерален секретар на Антикорупциската комисија. Доаѓа на местото на Татјана Димитровска која поднесе оставка откако беше осомничена дека оддала службена тајна на лице поврзано со случајот „Адитив“.

Чучуљ по професија е дипломиран правник со положен правосуден испит.

Огласот за избор на нов претседател беше објавен уште летово, но постапката беше прекината поради локалните избори. Од вкупно 13 пријавени кандидати, селектирани беа 10.

 

ПредходнаГерманците со најмногу резервации за Грција за летото 2026
СледнаПоранешниот градоначалник на Сопиште назначен за нов директор на „Дрисла“