дома Македонија Црна хроника Возела пијана и удрила во паркирано возило

Возела пијана и удрила во паркирано возило

Дваесет и четиригодишна девојка возела со 1,55 промили алкохол во крвта и удрила во паркирано возило.
Девојката вчера е приведена во полициска станица во Тетово. Полицијата соопшти дека се работи за Џ.А.(24) од с.Ново Село, општина Боговиње која со нејзиното патничко возило ,,фолксваген туран“ удрила во паркирано возило „фолксваген голф“ паркирано од В.У.(23) од Тетово.
По целосно документирање на случајот, против неa ќе биде поднесена пријава за „безобѕирно управување со моторно возило“.
ПредходнаБугарското националното собрание одлучува за повлекување на буџетот за 2026 година
СледнаМајли Сајрус ја потврди свршувачката со музичарот шест години помлад од неа