
Десет осигурителни компании картелно се здружиле и донеле усогласени одлуки за автоодговорност што секој сопственик на возило го плаќа при регистрација на возилото.
Станува збор за ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ АД СКОПЈЕ, ТРИГЛАВ ОСИГУРУВАЊЕ АД СКОПЈЕ, АД МАКЕДОНИЈА СКОПЈЕ – ВИЕНА ИНШУРЕНС ГРУП, САВА ОСИГУРУВАЊЕ АД СКОПЈЕ, ЕУРОЛИНК АД СКОПЈЕ, ГРАВЕ АД СКОПЈЕ, УНИКА АД СКОПЈЕ, АД ОСИГУРИТЕЛНА ПОЛИСА СКОПЈЕ, ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД СКОПЈЕ И КРОАЦИЈА ОСИГУРУВАЊЕ АД СКОПЈЕ).
Осигуритените компании од 1 март 2024 година до 7 мај истата година разменувале чувствителни информации, координирале активности и во исклучително краток рок донеле идентични или меѓусебно усогласени одлуки за зголемување на делот на премијата за вршење дејност – т.н. режиски додаток.
– Таквото однесување претставува ограничување на конкуренцијата „по своја
цел“, односно најтешка форма на повреда согласно член 7 од Законот за
заштита на конкуренцијата. Размената на информации и паралелното
донесување на ценовни одлуки ја заменува независната деловна политика со
координирано колективно дејствување на пазарот, што е строго забрането, посочува Комисијата за заштита од конкуренција.
На осигурителните компании им е изречена вкупна глоба од 17.266.930 денари.




