дома Македонија СДСМ бара Обвинителството да постапи за скандалот со тендерите доделени на фирма...

СДСМ бара Обвинителството да постапи за скандалот со тендерите доделени на фирма со двајца вработени

СДСМ денеска го повика Јавното обвинителство да постапи во однос на случајот со тендерите од речиси 9 милиони евра доделени на фирма со двајца вработени.

Портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска во изјава пред Јавното обвинителство рече дека сите докази се јавно достапни, објавени, проверливи.

– Јавното обвинителство не смее да молчи туку да делува. Крадењето на народот преку корупциски шеми за пумпање на парите мора да запре и да следува одговорност. Станува збор за 9 милиони евра пари на граѓаните кои треба да завршат кај граѓаните а не по џебовите на врхушхата на власт и во Белата палата. Власта на големо спроведува грабеж преку шема за испумпување на народните пари. Ова се истите шеми на Никола Груевски и Сашо Мијалков, со кои се испумпаа 2 милијарди евра пари на граѓаните, рече Кузеска.

Од СДСМ велат дека имаат поднесено и пријава до Државната комисија за спречување на корупцијата.

 

ПредходнаЕвзони денеска повторно затворен за сообраќај
СледнаДвајца наводни терористи на ИД уапсени во Германија