дома Македонија Општество КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ И ФРЛААТ: Масовен вандализам го тестира системот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ И ФРЛААТ: Масовен вандализам го тестира системот

 Ќе бидеме ли и ние во купот на отпорот кон редот, системот, законот и новото?

Министерството за внатрешни работи веќе трет ден го тестира системот „Безбеден град“, кој има за цел да воспостави ред на сообраќајот и да го подобри надзорот низ градот.

Во првите 12 часа од пробното работење, системот регистрираше 65.000 прекршоци – меѓу нив илјадници поминувања на црвено, нерегистрирани возила и други сообраќајни непочитувања. Граѓаните пријавуваа и проблеми со регистрацијата и функционирањето на камерите, покажувајќи дека тестирањето се одвива под реални услови – но и дека отпорот против технологијата е силен.

Веќе се регистрираат обиди за блокада на работата, иако засега се сведува на критика  на реакции на мерење на секој + – километар. Сепак најсилниот критичар и главното сумирање ке дојде кога системот ке заживее и кога ке почне да се празни џебот на аздисаните по асфалтот и улиците. Ако тие си дозволуваат и по 200 км на час да возат, веројатно ќе си дозволат и да го уништуваат  системот ,за да не се види нивното силување на безбедноста по патиштата.

Системот „Безбеден град“ не е уникатен за Македонија – речиси цел Балкан веќе користи слични решенија. Во Белград, Safe City системот на Huawei ги покрива градските улици со повеќе од 8.000 камери, овозможувајќи препознавање лица, регистарски таблички и анализа на сообраќајот. Но, и таму се јавија реакции за приватност и ограничувања на функционалностите.

Во Бугарија, Софија има „Smart & Safe City“ проект, кој следи јавен ред, сообраќај и загадување, додека во Романија и Грција системите се насочени кон брза реакција при инциденти, видео-надзор и дронски контроли.

Сепак, насекаде камери стануваат мета на вандализам и саботажа. На пример:

физичко уништување – кршење, сечење, туркање или фрлање во вода;
прскање со боја или спреј, прекривање леќи;
пресекување кабли и опрема;
подметнување пожар или палење;
дигитални саботажи и сајбер-напади кои ги блокираат системите.

Примерите се глобални: во Франција „Жолтите елеци“ уништија бројни радари и камери, во Лондон беа пресечени кабли и запалени камери, а во Холандија хакирање го блокираше дел од брзинските камери. Слично е и на Балканот – во Бугарија и Грција камери биле уништени, запалени или обојени за да не снимаат.

Овие напади покажуваат дека отпорот против автоматизираните системи е меѓународен феномен, а „Сејф сити“ и сличните системи мора да се борат со вандализам, саботажи и дигитални закани за да обезбедат ред и безбедност, но сепак овие „борци“ за права се на страната на нередот и од другата страна на законот и не сакаат потврда за тоа преку SMS.

 

ПредходнаСилјановска е загрижена за стабилноста во Бугарија, а условот за измени на Уставот за преговори за членство во ЕУ ја изненадува
СледнаТопаловски од СВР Скопје: Казните ќе се повлекуваат ако возач брзал во болница, но ќе се казни ако завршил на кафенце