дома Живот Здравје Од 24 до 30 ноември пријавени 114 случаи на грип

Од 24 до 30 ноември пријавени 114 случаи на грип

Грип заболени

Од 24 до 30 ноември во Македонија се пријавени 114 случаи на грип – на групни пријави за заболени од грип – заболувања слични на грипот. Институтот за јавно информира дека тоа е за 25.3 отсто повеќе во однос на минатата недела. Додека, споредбено со 48. недела од минатата сезона, се забележува зголемување од 75,4 проценти, а во однос на моделот за последните 15 сезони – се регистрира зголемување од 2,7 отсто.

Од ИЈЗ информираат дека заболените лица оваа недела се регистрирани во 11 ЦЈЗ/ПЕ, односно во Куманово – 49, Струмица – 16, Штип -11, Тетово – 9, Гостивар – 7, Прилеп и Кавадарци – 6, Македонски брод – 5, Неготино – 3 и Радовиш и Скопје со по еден пријавен случај.

Во сезоната 2025/2026 вкупниот број на случаи на грип – заболувања слични на грипот изнесува 776, според податоците на ИЈЗ. Во споредба со истиот период од минатата сезона, бројот на пријавени случаи е зголемен за 70,9 проценти, а во однос на моделот од последните 15 сезони – се регистрирани зголемување од 25,9 отсто. Кумулативно, заболените се пријавени од 15 ЦЈЗ/ПЕ. Најголем број на заболени лица се регистрирани на територија на Гостивар, a највисока кумулативна инциденца се регистрира на територијата на Македонски Брод. Во однос на дистрибуцијата на заболените по возрасни групи, најголем број на заболени се пријавени во возрасната група што опфаќа најголем дел од населението – од 15 до 64 години – 584 случаи.

Од ИЈЗ потсетуваат дека вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна заштита од ова заболување.

ПредходнаИзвештај на Советот на Европа за положбата на малцинствата во Србија
СледнаПротечен разговор меѓу Макрон, Мерц и Зеленски. „Америка може да нè предаде“