дома Македонија Политика Родителите поставија транспарент со фотографиите на загинатите

Родителите поставија транспарент со фотографиите на загинатите

Со воведни зборови на одбраната денеска во судницата во Идризово продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, меѓу кои и деца, а над 200 беа повредени. Родителите на загинатите со несекојдневно потсетување за сите актери дека станува збор за жртви, за деца, за човечки животи.

Откако на минатото рочиште сите обвинети изјавија дека не се чувствуваат виновни за делата кои им се ставаат на товар, родителите на загинатите денеска пред судот поставија транспарент со ликовите на сите 63 деца коишто ги загубија животите во пожарот во дискотеката “Пулс” порачувајќи дека било многу контрадикторно што никој од обвинетите не се изјаснил за виновен.

 

Денешното рочиште од судењето може да се следи во живо на  МИА Youtube и на МИА Facebook

ПредходнаСите гледаат кон Донбас, но Русите направија сериозен пробив на југ
СледнаИзвештај на Советот на Европа за положбата на малцинствата во Србија