Грчките земјоделци продолжија со блокадите на главните автопатишта, проширувајќи ги протестите од Тесалија до Македонија, Тракија, Епир и западните региони, додека бројот на трактори на патиштата продолжува да расте. Најголемото нарушување е во Тесалија, каде што националниот автопат Солун-Атина главно останува затворен за редовниот сообраќај.

Во централна Македонија, земјоделците ги блокираат јужните ленти од автопатот Солун-Атина кај Малгара од 1 декември, со повремени прекини во северниот правец. Блокади се формирани и на граничните премини со Македонија и Бугарија, вклучително и кај Евзони и Промахонас, каде што земјоделците размислуваат за заострување на ограничувањата за меѓународен товарен транспорт. Се најавува и за граничите премини МЕџитлија и Ники.
Во внатрешноста на Грција, кај месноста Никеа во близина на Лариса има околу 1.800 трактори и затворен автопатот Солун-Атина, кај градот Кардица во блокот учествуваат над 2.000 трактори, а блокада има и на излез од Солун во правец кон Атина.
На повеќе локации каде што се блокадите, земјоделците поставија и новогодишни елки, што во Грција се толкува како порака дека нема да отстапат и доколку е потребно, празниците ќе ги поминат на улица.
Грчките земјоделци, протестите ги започнаа во неделата, најавија постепено интензивирање до 5 декември, а засега нема информации до кога ќе траат.
Земјоделците реагираат за задоцнети субвенции и бараат исплати на надоместоци, пониски трошоци за производство и поголема поддршка за одгледувачите на добиток погодени од неодамнешната епидемија на сипаници, што ги десеткуваше стадата овци и кози. Тие најавуваат засилување на блокадите во следните денови.




