дома Македонија Британски медиуми јавуваат дека се преговара со Северна Македонија да се депортираат...

Британски медиуми јавуваат дека се преговара со Северна Македонија да се депортираат одбиените азиланти на нејзина територија

Британските медиуми јавуваат дека Велика Британија можеби ќе ги депортира одбиените азиланти во Северна Македонија. Како што пренесуваат тамошните медиуми, двете држави биле влезени во формални разговори од есенва.

„Дејли мејл“ повикувајќи се на лондонски „Тајмс“ пишува дека Велика Британија би и плаќала на Северна Македонија за секој мигрант, а би обезбедила и инвестиции во земјата.

Секој мигрант, како што пишуваат британските медиуми, во Северна Македонија би имал право да побара работна виза за оние сектори каде имаме недостиг на работна сила.

Премиерот Христијан Мицкоски во мај годинава ги отфрли информациите дека во земјава ќе се градат кампови за мигранти како дел од Договорот за стратешко партнерство со Велика Британија.

ПредходнаПрекршочна постапка против градоначалникот на Струга за неупотреба на државното знаме
СледнаНиколоски од Брисел: Ќе потпишеме договор за изградба на брза пруга долж целиот Коридор 10