дома Македонија Предлог-законот за Судски совет доставен на мислење во ЕК

Предлог-законот за Судски совет доставен на мислење во ЕК

Министерство за правда

Министерството за правда денеска информираше дека Предлог законот за Судски совет е доставен на мислење во Европската комисија. По добиеното мислење, Предлог законот за Судски совет ќе се поднесе во собраниска процедура.

„По првпат ќе има објективно оценување на нивната работа, транспарентност во носењето одлуки и механизми за одговорност и на самите членови на Советот. Ова е клучна точка што ја нотира и Оценската мисија на ЕУ – и сега РМ директно одговара на таа препорака“, велат од Правда.

Оттаму нагласуваат дека станува збор за конструктивен и содржаен документ кој доби позитивно мислење и од Венецијанската комисија.

„Клучни новини кои се предвидени со законот се: јавност во постапкатата за разрешување на претседател/заменик на Советот, постапката мора секогаш да биде транспарентна; прецизирање на критериумите за избор на „истакнат правник“; воведување јавна расправа за кандидатите за не-судски членови со цел поголема транспарентност и одговорност; зајакнување на критериумите за избор, одговорност и разрешување на членови на Советот од редот на судиите; унапредување на целокупната правна рамка согласно препораките на ЕУ“, се вели во соопштението.

Предлог-законот е дел од поширокиот пакет законски решенија што државата треба да ги донесе до крајот на годината како дел од реформската агенда во правосудството.

ПредходнаСите зборуваат за посетата на Хари кај Стивен Колберт. ПР експерт: “Очајно”
СледнаИстражувачите открија која е најштетната социјална мрежа