
Поведена e прекршочна постапка против градоначалникот на Струга за неупотреба на државното знаме.
ОВР Струга поднесе барање за поведување прекршочна постапка против општина Струга и против градоначалникот Менди Ќура за сторено дело спротивно на член 6, а казнив по член 11 од „Закон за употреба на знамиња на заедниците во Р.С.Македонија”.
Како организатори на настан по повод Денот на албанското знаме на 28 ноември ниту на бината ниту на дел од кејовите на реката Црн Дрим, не го истакнале и не го поставиле државното знаме што според Закон, биле обврзани да го направат.




