дома Македонија Црна хроника Трипуновски: Откривме големи злоупотреби во користење на земјоделско земјиште .Криминали со субвенции...

Трипуновски: Откривме големи злоупотреби во користење на земјоделско земјиште .Криминали со субвенции !

Министерот за земјоделство Цветан Трипуновски во вечерашното гостување во „Клик Плус“ на ТВ21 рече дека во изминатите месеци биле откриени големи злоупотреби со користењето на земјоделско земјиште.

„Има големи злоупотреби. Просто кажано земате земјоделско земјиште, го давате на трети лица, не го работите, а земате субвенции“, рече Трипуновски.

Министерот Трипуновски додаде дека при првичните контроли на терен утврдиле дека во најголем дел земјиштето не било обработувано, а имало и случаи каде концесионерот го давал земјиштето под закуп на трети лица, што е спротивно на Законот.

– Компанија се обврзала да реализира инвестиција од над два и пол милиони евра. Во контролата утврдивме дека речиси никаква инвестиција немаше на предметното земјиште. Дополнително, во овој период биле искористени средства по основ на субвенции, кои Платежната агенција ги исплатила кон овој правен субјект – рече министерот.

Тој појасни дека фирмата земала земјоделско земјиште, не го обработувала, дел од него го давала на трети лица, а притоа земала субвенции во износ од над 20 милиони денари.

– Втор пример за злоупотреба на земјоделско земјиште е субјект кој имал раскинат договор со Министерството, но не му било одземено владението. За тоа требало да биде известена Агенцијата за катастар на недвижности, за да се избрише корисничкото право, а не било. Не била известена ниту Платежната агенција дека имаме раскинат договор, па фирмата продолжила да користи субвенции на кои не смеела да има право – истакна министерот Трипуновски.

Министерот додаде дека секоја злоупотреба мора да биде санкционирана и очекува надлежните органи да реагираат.

Министерот посочи  и за злоупотребите со монтирање на фотоволтаици на обработливо земјиште, како и за злоупотреби со држаните резерви.

„Сега министерството за земјоделство дава земјиште за фотоволтаици од пониските класи како што се четврта, петта и така натаму“, вели Трипуновски.

 

ПредходнаГаранции од ЕУ се потребни затоа што секоја отстапка резултира со нов услов, смета Мицкоски
СледнаГруевски, од новогодишен амбиент во Будимпешта, во напад на Филипче и Заев