дома Локално Тошковски, како и сите други, добил опомена, возел пребрзо

Тошковски, како и сите други, добил опомена, возел пребрзо

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски објави дека и тој е фатен преку системот „Сејф сити“ дека возел побрзо од дозволеното.

Во објава на Фејсбук, Тошковски пишува дека денеска добил СМС порака додека се возел со приватно возило кон Кавадарци.

– Утрово, движејќи се со своето приватно возило кон Кавадарци каде што денеска се одржува партискиот конгрес, добив смс порака за сторен сообраќаен прекршок

Управувањето со возило, вели Тошковски, е обврска, а не привилегија.

констатиран од системот „Безбеден град“, бидејќи сум се движел со 1 км/ч над дозволената брзина, пишува Тошковски.

– Целта на „Безбеден град“ не е казнување, туку ред, дисциплина и спасување човечки животи. Со алармантниот број на жртви на патиштата што го имаме, мора да покажеме личен пример и одговорност. Оваа држава ќе биде посигурна само ако законите важат подеднакво за сите, вклучувајќи не и нас кои сме најодговорни за нивното спроведување, вели Тошковски.

ПредходнаТомовски ги демантира обвинувањата од СДСМ, он немал фирма, за семејството не коментира
СледнаСостојбата со врнежите стабилна, нема опасност од излевање на реките