Мисијата на КФОР во Косово синоќа објави дека го зголемила своето присуство и патроли низ целата јужна покраина, како дел од редовната обука на единиците на КФОР.

„Ова ја покажува подготвеноста на КФОР да одговори на сите релевантни безбедносни настани што би можеле да влијаат на безбедноста низ цела Косово и регионалната стабилност“, се вели во соопштението.
Се додава дека преку агилен и флексибилен став, КФОР продолжува целосно да го спроведува својот долгогодишен мандат, кој се базира на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединетите нации од 1999 година, придонесувајќи за безбедна средина за сите што живеат во АП Косово и слобода на движење, во секое време, непристрасно и во тесна координација со косовската полиција и ЕУЛЕКС, во нивните соодветни улоги како безбедносни сили.
„Нашата мисија продолжува да ги интегрира своите активности со напорите на пошироката меѓународна заедница, вклучително и поддршката за дијалогот меѓу Белград и Приштина со посредство на Европската Унија“, се вели во соопштението на КФОР. Се забележува дека командантот на КФОР, генерал-мајор Озкан Улуташ, е во редовен контакт со своите колеги, вклучувајќи ги и претставниците на безбедносните организации на привремените приштински институции, шефот на ЕУЛЕКС и началникот на Генералштабот на српските вооружени сили.




