Директорот на Службата за општи и заеднички работи Ивица Томовски преку објава на Фејсбук ги демантира денешните обвинувања од СДСМ.
Вели дека посочената фирма не е негова и дека нема никаква приватна компанија. Бара извинување од СДСМ, а во спротивно најавува тужба за клевета.
– Јас во моментов немам никака приватна компанија и единствено сум насочен кон мојата работа како директор на Службата за општи и заеднички работи. Целиот мој живот работам чесно, одговорно и посветено, така и ќе продолжам.
СДС ќе мора да се извини поради изнесените клевети, во спротивно ќе поднесам тужба пред надлежните органи. Власта е одговорност и таму не се доаѓа со пазарџиски финти, клевети. Очигледно тоа е нивната понуда, а народот ќе суди, впрочем како што им пресуди на последните избори. Слободно сите можни институции да проверат сè, а искрено од СДСМ не очекувам извинување затоа што за извинување потребна е доблест и морал, а тоа одамна видовме дека го немаат, пишува Томовски.
Сепак Томовски не ги демантираше тврдењата дека е семекна, односно фирма на неговиот татко.Само дека тој не е сопственик, но не и татко му и приојателот.




