Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски објави дека и тој е фатен преку системот „Сејф сити“ дека возел побрзо од дозволеното.
Во објава на Фејсбук, Тошковски пишува дека денеска добил СМС порака додека се возел со приватно возило кон Кавадарци.
– Утрово, движејќи се со своето приватно возило кон Кавадарци каде што денеска се одржува партискиот конгрес, добив смс порака за сторен сообраќаен прекршок
Управувањето со возило, вели Тошковски, е обврска, а не привилегија.
констатиран од системот „Безбеден град“, бидејќи сум се движел со 1 км/ч над дозволената брзина, пишува Тошковски.
– Целта на „Безбеден град“ не е казнување, туку ред, дисциплина и спасување човечки животи. Со алармантниот број на жртви на патиштата што го имаме, мора да покажеме личен пример и одговорност. Оваа држава ќе биде посигурна само ако законите важат подеднакво за сите, вклучувајќи не и нас кои сме најодговорни за нивното спроведување, вели Тошковски.




