дома Свет Балкан Хрватска: 42 лица приведени за време и по дербито Динамо-Хајдук

Хрватска: 42 лица приведени за време и по дербито Динамо-Хајдук

За време и по натпреварот Динамо-Хајдук, одигран денес во Загреб, приведени се 42 лица, објави хрватското Министерство за внатрешни работи.


„Во тек е растурање и враќање на гостинските навивачи“, објави хрватското Министерство за внатрешни работи на платформата X.
Загрепската полиција спроведе зголемени безбедносни мерки пред дербито на стадионот Максимир, пренесува Хина.
Во областа Дубрава, полицијата се справи со неколку лица, а некои од нив беа приведени поради поседување забранети предмети, објави претходно хрватската полиција.
Околу 17.000 луѓе присуствуваа на натпреварот во Загреб.

ПредходнаМаск вели дека ЕУ треба да се укине. Медведев го поддржува