дома Македонија Политика Христијан Мицкоски реизбран за лидер на ВМРО-ДПМНЕ

Христијан Мицкоски реизбран за лидер на ВМРО-ДПМНЕ

 

  Христијан Мицкоски доби трет мандат од делегатите на 18. партиски конгрес да ја води ВМРО-ДПМНЕ во наредните четири години што, според статутот на партијата, ќе биде негов последен мандат.

Според Зоранчо Јованчев, претседател на Изборната комсија, од 817 присутни делегати, 804 гласале и дале поддршка за нов мандат на Мицкоски.

На конгресот во Кавадарци тие го реизбраа Мицкоски за лидер на партијата кој беше и единствен кандидат за функцијата.

На конгресот, кој се одржа под мотото „Визија што гради држава – За генерацијата што доаѓа 2030“, беа усвоени два политички документа Стратегијата 2025–2030 и Доктрина.

По пребројувањето и соопштувањето на гласовите,  претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоск, е обрати на приситните делегати, скеирајќи го тоа што е направено и што тој како лидер би сакал да направи во иднина за партијата и за државата.

ПредходнаДали судницата се претвори во „Струшки вечери на поезијата“, прашаа родителите на загинатите деца на денешниот марш во Кочани
СледнаМаск вели дека ЕУ треба да се укине. Медведев го поддржува