
На дел од граничните премини во земјава утринава има гужва поради што времето на чекање на ГП Дојран кон Грција е 30 минути, а на ГП Табановце кон Србија околу 40 минути.
Според Авто мото сојузот на Македонија, сообраќајот на патиштата низ државата се одвива по наместа влажни коловози, а магла утрово има на патот село Гајре – Попова Шапка каде видливоста е намалена од 30 до 40 метри и на планинскиот превој Пресека каде висдливоста на патот е од 100 до 150 метри.




