Земјотрес со јачина од 4,6 степени ја погоди денес областа Калаврита во Грција
Според Грчкиот геодинамички институт, епицентарот на земјотресот бил шест километри североисточно од Калаврита, а длабочината на земјотресот била 24,3 километри.

Земјотресот бил почувствуван во градовите Триполи, Пиреја, Каламата, но и во областите Ахаја и Коринтија, објави грчкиот јавен сервис ЕРТ.
Засега нема извештаи за штети или повредени, додека последователни помали земјотреси се регистрирани во регионот.




