дома Македонија Томовски ќе ја тужи СДСМ

Томовски ќе ја тужи СДСМ

Ивица Томовски, актуелен директор на владината служба за општи и заеднички работи за кого СДСМ два дена објавува податоци тврдејќи дека негова семејна фирма добила тендери од државата од 5,3 милиони евра, најавува тужба за клевета.
Во објава на Фејсбук тврди дека не е сопственик и дека нема директна врска со споменатата фирма.

– Досега не чув каков криминал сум направил, ниту пак видов докази за тоа. Во тоа нивно растурање пердуви, вчера жигосаа уште една домашна компанија која не е моја, а денес јавно го објавија мојот телефонски број – број кој е познат на сите кои ме познаваат, кој го имам со години и кој е единствениот број што го поседувам, доделен пред многу години од мојот татко. На истиот тој број можеа да се јават и да се извинат, но тие одбраа да одиме по судски пат. Затоа уште еднаш повторувам: ќе одговараат, и следува тужба, вели Томовски.
Вели дека не очекувал извинување од „„тастатура-политичари.

– За да го направат тоа, е потребно образ, храброст и морален дигнитет – нешто што одамна е докажано дека го нема ниту Заев, ниту неговиот најдобар ученик со најлоши навики – Венко Филипче. Затоа што, ако имаа барем дел од тоа, прв Филипче ќе се извинеше за Заев, кој од Дубаи, освен што командува партија и бизниси, пишува и соопштенија. Едниот објавуваше „бомби“ – разговори. Другиов, наследникот, објавува пуфки и прскалки што треба да разнесат пердуви, по што човек тешко може да се објасни, пишува во објавата

ПредходнаВМРО-ДПМНЕ и денеска негира дека ќе се прифаќаат мигранти
СледнаКелог: Мировниот договор за Украина е многу блиску, напорите за решение се во завршна фаза