
Возачи од Кичево и Гевгелија возеле со 1,56 промили алкохол во крвта. Откриени се синоќа. Едниот возач има 41, а другиот 45 години.
Полицијата соопшти дека синоќа 30 минути по полноќ на магистралниот пат Кичево- Охрид, приведен е Т.С.(41) од Кичево кој возел со 1,56 промили алкохол во крвта.
Во вториот случај, во 23:25 часот во Гевгелија приведен е И.Б.(45) кој исто така имал 1,56 промили алкохол во крвта.
По документирање на случаите, ќе бидат поднесени кривични пријави за „безобѕирно управување со моторно возило“.




