дома Култура Оперската Лејди Макбет од Мценскиот округ го сруши рекордот на Ла Скала...

Оперската Лејди Макбет од Мценскиот округ го сруши рекордот на Ла Скала за заработка

Премиерата на операта „Лејди Макбет од Мценскиот округ“ од рускиот композитор Дмитриј Шостакович, која денес ја отвори новата оперска сезона во Ла Скала во Милано, заработи 2.679.482 евра, што е најголема заработка досега.
Миланската опера ја поставува оваа опера во спомен на Шостакович, 50 години по неговата смрт.


Операта, која Шостакович ја напишал на 26-годишна возраст, ја враќа на сцената оригиналната верзија од 1934 година, која потоа била означена како „хаос наместо музика“, а потоа цензурирана, објаснува порталот „Монтепо дејли“.
Минатата година, операта на Џузепе Верди „Моќта на судбината“ заработи 2.560.000 евра, додека една година претходно „Дон Карлос“ заработи 2.582.000 евра.

ПредходнаУЈП: До крајот на ноември изречени над 2.500 глоби за неиздавање фискални сметки
СледнаОсум графики од Анри Матис украдени од библиотека во Сао Паоло, Бразил