дома Македонија Политика Владата со предлог за разрешување на државниот обвинител Коцевски

Владата со предлог за разрешување на државниот обвинител Коцевски

Владата на денешната седница   усвоила предлог за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски и ќе го достави до Собранието, ппопладнево обзнани портпаролката на Владата Марија Митева

И покрај паузата заради локалните избори, нашата цел останува недвосмислена – јакнење на правната држава и обезбедување непречено функционирање на органите на прогон во служба на граѓаните, нагласи Митева.

Во образложението таа нагласи дека
Предлогот до Собранието за разрешување на Коцевски од функцијата,   е поради направени крупни професионални грешки при раководењето со Јавното обвинителство, што доведува до нарушување на ефикасноста и функционалноста на ЈО. , не постапувајќи согласно обврските предвидени со Уставот, законите и меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот .
Како последица на сторените повреди, додаде, во изминатиот период е “евидентна нарушената функционалност на Јавното обвинителство и сериозно е нарушен интегритетот на истата”.
Согласно член 27 став 1 од Законот за Јавното обвинителство, токму јавниот обвинител е одговорен за општите состојби, за организирањето и извршувањето на функциите на ЈО. Постапувајќи на овој начин, јавниот обвинител Љупчо Коцевски флагрантно ја повреди должноста да го чува угледот на функцијата што ја врши предвидена во член 82 став 1 од Законот за Јавно обвинителство, потенцираше  владината портпаролка, на вечерното обраќање пред Владата на РСМ.

ПредходнаХороскоп за вторник: Сè што може да биде комплицирано, веројатно ќе биде
СледнаBinance пристигнува во Скопје – последна шанса за регистрација на големиот настан!