дома Македонија Политика Во СОЗР стигнала пријава дека четири службени возила на институции биле злоупотребени...

Во СОЗР стигнала пријава дека четири службени возила на институции биле злоупотребени во изборниот период

До Владата, конкретно до Службата за општи и заеднички работи (СОЗР), пристигнала пријава дека во предизборниот период биле злоупотребени четири службени возила, објави телевизијата Телма.

Четирите возила, како што било наведено, било користени за време на кампањата за локалните избори во општина Шуто Оризари. Според пријавата, на која се повикува телевизијата, возилата со скопски регистарски таблички биле на Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“, а ги управувале лица кои не биле вработени во претпријатието. Како што се наведува, тие биле на отворање штаб на политичка партија.

Од СОЗР за Телма потврдиле дека до Службата стигнала ваква пријава, која била претпратена до три институции, но засега оттаму не добиле повратен одговор.

„Станува збор за пријава која е пристигната до Службата за општи и заеднички работи, препратена на 02.10.2025 г. до институциите на следните адреси: info@parkovi.com.mk, kabinet@skopje.gov.mk и gradonacalnik@skopje.gov.mk, за да се добие официјален одговор. Но до овој момент СОЗР нема добиено повратен одговор“,навеле од Владата за телевизијата.

Епилог во врска со случаи на злоупотреба на службени возила, како што се додава во прилогот, нема ниту во Државната комисија за спречување корупција (ДКСК).

ПредходнаКедев: Првичните наоди на комисијата за непотребните операции на срце се минимални во однос на потенцијалните неправилности
СледнаСончево и релативно топло со магла во утринските часови