Целиот државен врв присуствува на седницата на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот на чиј дневен ред е преставката од семејствата на загинатите во пожарот во Кочани.
На седницата присутни се претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, премиерот Христјан Мицкоски, претседателот на Собранието, како и пратеници од власта и од опозицијата.

Мицкоски ја откажа за денеска закажаната агенда по повикот од Левица за присуство на седницата, а Собранието на барање на пратеникот Борисав Крмов ја прекина пленарната седница на која се расправаше за Дополнетиот предлог-буџет за 2026 година.
Во пожарот во дискотеката Пулс во Кочани на 16 март загинаа 63 лица, а околу 200 беа повредени. Во тек е судски процес против 34 физички и три правни лица.




