Додека сум јас премиер нема да никне ниту еден шатор со илегални мигранти и нема да примаме ниту еден мигрант, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Ги отфрли информациите пласирани изминатите денови и пишувањата во британските медиуми дека во Северна Македонија ќе бидат прифатени легални мигранти од Велика Британија.
– Тема за неуспешни апликанти на азил не е разговарана, но доколку се разговара, ќе биде одбиена од наша страна. Разговарано е дека заеднички ќе се бориме против илегалната миграција, изјави Мицкоски.
Најавите на лидерот на СДСМ Венко Филипче за мобилизација и онлајн петиција за можен влез на мигранти, Мицкоски ги оквалификува како однапред изгубена битка.
– Тие се фаќаат за тема која е тотален антипод на нивната политика и природно припаѓа на политиката на ВМРО-ДПМНЕ. За таа тема да водите кампања, тоа претставува однапред изгубена битка. Ние можеме да водиме кампања за зајакната антиилегална миграција. Јас ги разбирам, немаат идеја, немаат концепт, се обидуваат да се мобилизираат и сега ќе измислуваме теми, ќе растураме пердуви, ама каде од сите теми токму ја најдоа оваа која е фуиндламента вредност на политиките на ВМРО-ДПМНЕ, изјави Мицкоски.




