„Ги повикувам сите граѓани, помогнете да ја зачуваме нашата татковина. Помогнете да ја зачуваме безбедноста и иднината на Македонија. Доколку власта го игнорира овој чекор ќе следат други посилни чекори. Нашето место е во Европската Унија, а не на периферијата како црна точка.“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче на денешната пресконференција повикувајќи на мобилизација против, како што рече антидржавните и антинационалните политики на Владата, а во врска со објавите на дел од британските медиуми за можен прием на мигранти во Македонија.
Тој додаде дека е време граѓаните јасно да се спротивстават на антидржавното и антинационално однесување на Владата на ВМРО-ДПМНЕ во врска со прашањето за мигрантите и потенцираше дека ќе следи силна мобилизација.
„Ќе следи силна мобилизација, активност на секое ниво, секој град, во секоја општина, во секое село. Нема да дозволиме да дојдат мигранти тука по ниедна цена. Нема да дозволиме на овој начин да се загрози безбедноста и иднината на земјата. Ние сакаме развој, ние сакаме да сме дел од Европска Унија, не сакаме да сме мека на мигранти, да дојдат луѓе коишто гледаме како се однесуваат во другите земји и какви проблеми создаваат, насилства, протести, силувања, болести коишто се донесени, коишто се искоренети во многу земји многу одамна. Ние тоа нема да го дозволиме, ќе го мобилизираме секој еден граѓанин на земјава. Во следниот период ќе го заокружуваме процесот, еве веќе го заокружуваме процесот, ќе го објавиме и делот на политичкиот тим на СДСМ, меѓутоа тоа нема да биде се’. Ја отвораме вратата за секој еден граѓанин, затоа што во оваа ситуација треба да направи се’ што може секој еден граѓанин, во прашање е иднината на земјата.“, потенцираше Филипче.
Првично тој најави онлан петиција за спречување на евентуален влез на мигранти, а ако тоа се покаже дека не е доволно најави и посилни чекори.
Тој праша дали зад тајните договори на владата се крие целта мигрантите да станат нова гласачка машинерија на ВМРО-ДПМНЕ на следните избори. Филипче посочи дека во услови кога Европската Унија ги заострува политиките за мигранти и кога околните земји експлицитно одбиваат да прифатат вакви договори, ВМРО-ДПМНЕ ја турка Македонија кон сериозен ризик.
„Дали ќе дозволиме така наречените патриоти од ВМРО-ДПМНЕ да ја претворат Македонија во Мека за мигранти? Дали може да очекуваме дека на мигрантите ќе им бидат дадени македонски пасоши и ќе бидат гласачка машинерија на ВМРО-ДПМНЕ? Сепак, се ближат избори“, порача Филипче.
Тој додаде дека многу прашања стојат неодговорени и се држат во тајност за тема која е од исклучителна важност за македонското општество и за граѓаните.
„Дали е ова, цената што треба да се плати за да се добие кредит од 6 милијарди евра, кои што ќе го плаќат многу следни генерации, следните децении, за да ова влада тие пари ги потроши на договори во четири очи. Не смееме да дозволиме насилно внесување на мигранти во нашата земја“, рече Филпче.
Британците известуваат дека е договорено 20.000 евра по мигрант, Владата молчи
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција потсети дека СДСМ уште пред неколку месеци ја предупреди јавноста дека најголемата опасност поврзана со мигрантското прашање е токму владата на ВМРО-ДПМНЕ и нејзините тајни преговори, разговори и договори зад грбот на граѓаните.
„Наместо да дадат јасни и конкретни одговори, власта тргна во црна кампања против СДСМ. Кога првпат ги споменавме нивните тајни договори – кои подоцна беа потврдени во странските медиуми – веднаш скокнаа т.н. патриоти од ВМРО-ДПМНЕ. Не обвинија дека лажеме, па потоа осмислија лични напади и кампањи против мене и други актуелни и поранешни функционери. Кога и тоа им пропадна, само ја засилија таа кампања“, истакна Филипче.
Тој нагласи дека е скандалозно и недозволиво што граѓаните за оваа тема не добиваат информации од својата влада, туку од британските медиуми кои објавија нови, алармантни детали за преговорите.
„Од британските медиуми дознаваме дека станува збор за разговори во кои се разгледува интеграција на мигрантите во македонското општество, нивно вклучување на пазарот на труд, особено во градежништвото, како и долгорочно населување во нашата држава. Дополнително, се објавуваат и детали дека Велика Британија планира да ѝ исплаќа на Македонија по 20.000 фунти, односно околу 20.000 евра по депортиран мигрант, согласно новиот модел за таканаречени повратни центри.“
„Замислете – македонските граѓани ова го дознаваат од странски медиуми, додека Владата молчи. Ова е апсолутно недозволиво. Ова е скандал од невидени размери“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
Опасност од мигранти, проблем е Владата на ВМРО-ДПМНЕ и нејзините тајни разговори
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија пред повеќе месеци ја најави опасноста која што не очекува со мигрантите и таа опасност е владата на ВМРО-ДПМНЕ со нејзините тајни преговори, разговори и договори, истакна претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција.
Тој посочи дека наместо конкретни и јасни одговори, власта ја нападна СДСМ со црна кампања.

„Кога првпат овие тајни преговори и разговори ги спомнавме, а тоа беше потврдено во пишувањата во странските медиуми, веднаш скокнаа против нас така наречените патриоти од ВМРО-ДПМНЕ. Почнаа со објави дека лажеме, па осмислија цела кампања против мене лично, против други актуелни и поранешни функционери на партијата. Кога тоа не им успеа во следниот период таа кампања само ја засилија“, рече Филипче.
На прес-конференцијата Филипче укажа дека скандалозно и недозволиво е тоа што македонските граѓани наместо од владата, информациите ги дознаа од британските медиуми кои излегоа со детални информации за тоа што е разговарано околу прашањето мигрантите од Британија.
„И од овие пишувања на британските медиуми дознаваме за разговорите кои што се воделе за мигрантите, дека треба да бидат интегрирани да бидат присутни на нашиот пазар на трудот, особено во градежништвото и тука да имаат трајни живеалишта. Дури има и детални информации дека Велика Британија ќе и исплаќа на Македонија 20.000 фунти по депортиран мигрант, согласно новиот договор за т.н. повратни центри. И сето ова замислете македонските граѓани го дознаваат од странски медиуми. Ова е апсолутно недозволиво, ова е скандал од невидени размери“, посочи претседателот на СДСМ, Венко Филипче.




