дома Култура Tрагањето по домот го носам од секогаш во себе – Енис Хилми...

Tрагањето по домот го носам од секогаш во себе – Енис Хилми за Тото, градовите и тивките мигови што остануваат

Она што е најважно од сè е да сме со отворен ум и срце. Да патуваме со ширум отворени очи. Да ја препознаваме убавината и добрината.  И да не престанеме да се радуваме на туѓата среќа. И многу, многу да ги сакаме животните и природата. Се друго е небитно.

На само неколку дена пред промоцијата на новата книга Само уште еден скок“, разговараме со Енис Хилми, авторка чии раскази секогаш се движат по тенката линија помеѓу топлината и тагата, духовитоста и болката, реалното и интимното. Овој пат, инспирацијата доаѓа од Тото, нејзиниот златен ретривер, чија приказна станува и приказна за загубата, домот, пријателството и невидливите нишки што нè поврзуваат со местата и суштествата што ги сакаме.

Напишана во Истанбул, веднаш по неговото заминување, книгата е искрена, ранлива и полна со љубов — токму онаква каква што ја очекуваме од Енис. Во разговорот што следи, таа ни открива дел од процесот, градовите меѓу кои живее, значењето на домот и местото на пишувањето во нејзиниот живот.

Трн: На 12 декември е промоцијата на твојата нова книга. Можеш ли да ни откриеш нешто за темата, формата или градовите што ќе се појават во неа?

Енис: Темата е  Тото. Златниот ретривер со златно срце и златен карактер. Нарацијата е на Тото, а градот е неговиот Охрид. Книгата ја напишав во Истанбул, во еден здив.

Непосредно после смртта на Тото.

Бев скршена од болка,  кога едно утро,  сестра ми тивко ми тропна на вратата, да ме потсети,  дека точно десет дена, не сум излегла од дома. Ма каква дома. Јас едвај излегував и од соба.

И не излегов јас и во наредните денови. Но барем  ги избришав солзите , ја подголтнав грутката и го отворив лаптопот.

Трн: Ќе се враќаш ли повторно во Берлин како главна сцена или можеби Охрид ќе ја преземе таа улога?

Енис: Во книгата на Тото или  за Тото, целокупното дејствие е лоцирано во Охрид. И можеби малку и во Скопје. А Берлин мене не  ми бега. Ниту како сцена. Ниту како живот.

За Тото пак, Берлин е ноќната мора .  Градот за кој одвреме навреме скришум од него ги пакував куферите. Иако во мое отсуство целиот негов „дог ситинг , беше темпиран до совршенство.

Или како што би рекол Тото: „Баш сум чуден  со времето… Кога ме остава на два часа, тоа се два часа…..но кога ме остава на две минути, тоа се повторно два часа… “

Е сега како му било без мене, во времето кога го оставав на две /три недели , тоа само тој си знае.

Сакам да верувам дека му биле повторно два часа.

Трн: Потекнуваш од Охрид, студираше во Истанбул, живееше и работеше во Скопје, патуваше и живееше долго време на релација Охрид–Берлин. Како овие три „домови“ го изградија твојот авторски глас?

Енис: Секој од градовите со својата убавина и приказна.

целото интервју тука

ПредходнаГрад Скопје повикува на подмирување на неплатените даночни обврски
СледнаОд следната година летови од Бордум до Скопје и Сараево