СДСМ ќе поднесе Предлог-резолуција за да се спречи носењето на мигранти во земјава, а доколку таа не биде усвоена во Собранието, ќе организира сенароден собир. 
– Од Собранието ќе побараме да се изгласа резолуцијата за ова да го запреме. Ако не се прифати резолуцијата, еден од начините да се бориме е да повикаме на голем народен протест, силни обединети против носење на мигранти, изјави лидерот на СДСМ Венко Филипче денеска на прес-конференција.
Филипче рече дека според нивни извори во Британија, македонската Влада веќе се согласила за примање на мигрантите.
– Од наши извори во Британија знаеме дека Владата дала веќе потврда за ова да се случува. Ќе подготвиме резолуција до Собранието, а следниот чекор ќе биде да излеземе на протести, изјави Филипче. Вчера Филипче рече дека ќе биде отворена о онлајн петиција. Премиерот Христијан Мицкоски вчера негираше дека во земјава ќе се примаат мигранти и ќе се отвараат кампови за мигранти. Ја обвини опозицијата за растурање пердуви




