Директорот на владината Служба за општи и заеднички работи (СОЗР), Ивица Томовски синоќа во Дневникот на ТВ Сител му беше дадено простор да се „брани“ од аферата за фамилијарната блискост со фирмата „Сити аутосорсинг“ која за една година добила дури 161 тендер во вкупна вредност од 5,3 милиони евра.
Томовски најави дека ќе го тужи Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ) за овие обвинувања
Ги повика Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) и Јавното обвинителство да покренат случај и што побрзо да го решат, затоа што само така, како што додаде, може да ја докаже својата невиност.
Говорејќи на случајот со обвинувањата дека фирмата „Сити аутосорсинг“, која добила 161 тендер во вкупна вредност од 5,3 милиони евра е негова семејна, односно на неговиот татко, Томовски вели дека тоа се невистини, како и дека татко му ја продал компанијата во 2022 година.„Татко ми е сопственик на таа компанија од самиот почеток до 2022 година, кога ВМРО-ДПМНЕ беше опозиција. Кога влегов во круговите на повисоката политика, тој ја продава фирмата, односно ја отуѓува. Од тогаш немам никаква соственичка структура, ниту мој близок има сопственичка структура во оваа компанија, ниту јас приходувам или имам некаков интерес од неа“,вели Томовски.
„Тие ме обвинуваат, јас демантирам, но институциите треба да одлучат и да пресудат што е вистина, а што е лага. Јас ве уверувам дека ќе добиеме документ, после кој тие ќе треба да се извинат, но без разлика дали тоа ќе го направат, како што напоменав, јас покренувам тужба“,вели Томовски.
За наводите од страна на СДСМ дека пари од тендерите се уплаќани на сметка на ВМРО-ДПМНЕ, односно дека тој е редовен донатор на ВМРО-ДПМНЕ , вели дека тој во текот на целиот живот е донатор на партијата.
„Не гледам никаков криминал во тоа нивното толкување“,кажа тој.
Тврдеше дека дека немал информации на кои тендери учестувала и ги добила посочената компанија.
На новинарско прашање дали се точни шпекулациите дека тој е еден од најсериозните кандидати за нов генерален секретар на партијата и дека наводно тоа била една од причините опозицијата да го таргетира , рече дека незнае дали е тоа оти тоа ќе го одлучат претседателот и органите на партијата.




