дома Македонија Црна хроника Навивачи од Словачка дивееле во авион на летот до Скопје – им...

Навивачи од Словачка дивееле во авион на летот до Скопје – им забраниле влез во Македонија

Еден навивач од Словачка е приведен, а на уште десет лица од истата група не им бил дозволен влез во земјата поради агресивно и недолично однесување за време на лет и по слетувањето на Меѓународниот аеродром Скопје, соопшти МВР.

Инцидентот се случил вчера, 10 декември, околу 20:30 часот, кога службите на аеродромот и Регионалниот центар за гранични работи Север пријавиле дека група патници под дејство на алкохол, кои пристигнувале од Словачка и припаѓаат на навивачка група, не ги почитувале правилата на однесување, агресивно се однесувале и ги вознемирувале патниците и членовите на екипажот.

Полицијата веднаш интервенирала и го привела Л.Т. (38) од Словачка, додека на други десет лица од групата не им бил дозволен влез во државата поради безбедносни причини.

Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот, против приведеното лице ќе биде поднесена соодветна пријава.

Инаку Шкендија го пречекува тимот на Слован од Братислава во рамки на конференциската лига. Мечот се игра на Арената Тоше Проески.

 

ПредходнаПроблем со Сејф Сити ако имате кола на лизинг
СледнаШилегов до обвинителот: Ако тврдите дека 13 години владеел хаос, што правевте Вие за тоа време?