дома Локално Без вода дел од Бутел, Без стрија Карпош

Без вода дел од Бутел, Без стрија Карпош

  Дел од корисниците на улиците „Натанаил Кучевишки“, „Краишка“ и „Хо Ши Мин“ во општина Бутел денеска од 10:30 часот ќе бидат без вода.

Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ Скопје, прекинот на водоснабдувањето е поради замена на вентил на улица „Натанаил Кучевишки“ бб, градинката „11 Октомври“, и ќе трае до завршување на работните активности.

 Корисниците од улиците „Урош Џудовиќ“, „Осло“, „Будимпештанска“ и „Љубица Георгиева“ во Општина Карпош денеска ќе бидат без електрична енергија, соопшти РЦУК-Скопје по известување од ЕВН Македонија АД.

Како што е најавено, електрична енергија ќе немаат во периодот од  9 до 12 часот.

ПредходнаСончево време со мала до умерена облачност
СледнаХрватска: Чипката и медениот колач сега добиваат и заштитена географска ознака