дома Македонија Додека Филипче е во опозиција, мигранти во Македонија нема да има, велат...

Додека Филипче е во опозиција, мигранти во Македонија нема да има, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение повторно со реакција за тврдењата за преговори со Британија за мигрантите. Оттаму велат дека СДСМ за да го одвлече вниманието од сопствени проблеми, на чело со Венко Филипче, се пушти намерно измислува лаги и манипулации.

„Во изминатиот период, сведоци сме на конструирање лаги, манипулации, скандали и вештачки теми, кои произлегуваат од СДС. За да го одвлече вниманието од сопствени проблеми, СДС на чело со Венко Филипче, се пушти на најјако во измислување лаги и манипулирање на јавноста, реагираат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ на објавите на СДСМ.

„Тоа не е случајно и тоа сите го знаат. Наместо СДС да се исчисти од Филипче и неговиот ментор Заев, кои ја уништија партијата и ја доведоа до 120 илјади гласа, ти прават се за да останат на чело, на и така распуштената партија. Од таа причина отвораат разни теми, како и последната со мигрантите. И покрај тоа што сите во државата, но и британскиот амбасадорот негираа дека во Македонија ќе се носат мигранти од Велика Британија, СДС и Венко Филипче продолжуваат само за тоа да зборуваат, додаваат од партијата.

Од ВМРО- ДПМНЕ нагласија дека додека тие се на власт во државава нема да има никакви мигранти.

“Но, сепак, во државава има некој кој на македонска територија сакал да отвори прифатни центри за мигранти, а за тоа гласал и на владина седница. Тоа е Венко Филипче, кој како министер во владата на Заев, активно работел на отворање на мигрантски камп во Бардовци. Ова, Филипче го прави единствениот актуелен политичар кој работел на населување на мигранти во Македонија. Во 2018 година, како министер во тогашната влада за Заев, Филипче активно учествувал во носењето План за проект за изградба на прифатен центар за мигранти во Бардовци, додаваат од партијата.

ПредходнаСДСМ повикува на потпишување на Резолуцијата за мигрантите
СледнаБританската телевизија GBN за мигрантите: „Ќе ве стационираме во Северна Македонија, таму може да работите и да изградите живот“