Денешното утро во Македонија беше најладно досега во месец декември па така најладно до 7 часот утрово беше во Берово со измерени -7 степени. Инаку во најголем дел од Македонија ова утро температурите беа под нулата. Времето беше ведро а по котлините и по речните долини имаше појава на магла и на ниска облачност. Претежно беше тивко и без некој изразен ветер.

На табелата можете да ги видите температурите измерени ова утро до 7 часот по градови и места во Македонија и тоа на мерните станици на УХМР.





