дома Свет Терористичкиот напад на плажата во Сиднеј 12 мртви од кои и еден...

Терористичкиот напад на плажата во Сиднеј 12 мртви од кои и еден од напаѓачите

 Австралискиот премиер: Нападот во Сиднеј е тероризам и чин на злобен антисемитизам

На прес-конференцијата се обрати австралискиот премиер Ентони Албанезе. Тој го опиша пукањето како „чин на злобен антисемитизам и тероризам што удрил во срцето на нацијата“.

„Злото што се ослободи денес на плажата Бонди е несфатливо, а траумата и загубата со кои се соочуваат семејствата вечерва е над најлошиот кошмар на кој било друг“, рече тој. 

„Денес видовме како Австралијанците се соочуваат со опасност за да им помогнат на другите. Овие Австралијанци се херои, а нивната храброст спаси животи“, нагласи тој. 

Видео кое кружи на интернет покажува како едно лице се справува со напаѓачот и му го одзема оружјето.

ПредходнаДали партиски инсталации во ДБКИ се шверцуваат во мисијата на нато во Брисел спротивно на закон?
СледнаИзраелски министер: Крвта е на рацете на австралиската влада