Премиерот Христијан Мицкоски минатата недела ги повика надлежните институции да поведат постапки против опозициската СДСМ за ширење паника и страв во врска со темата мигранти откако по пишувањата во британските медиуми СДСМ најави онлајн петиција и предлог-резолуција во Собранието.
Од Обвинителството денеска со одговор дека до нив не е доставена пријава од надлежните органи за вакво нешто.
– До овој момент до јавните обвинителства не е доставена пријава од надлежните органи во врска со таков настан, стои во одговорот од државното Јавно обвинителство.
Мицкоски во петокот, откако претходно ги негираше пишувањата во британските медиуми, ги повика соодветните органи да поведат процеси за ширење на страв и паника кај населението во врска со мигрантите.
– Разбирам таа тема да ја покренете еднаш, двапати, но кога веќе официјално стигнува демант од претседателот на Владата, од соодветните министерства внатрешни и надворешни, мислам дека од тој момент па натаму вие го поминувате рубиконот и свесно и покрај демантите ширите паника и страв и за тоа во Кривичниот закон се предвидени одредени санкции, рече Мицкоски во изјава за медиумите.
Дел од британските медиуми објавија дека мигранти од Велика Британија ќе бидат прифаќани во Македонија и дека Британија ќе ни плаќа за секој мигрант. Мигрантите ќе се движат слободно и ќе може да аплицираат за работа во оние сектори каде во земјава има недостиг на работна сила.




