дома Македонија Политика Меџити доби јавна благодарност дека поранешните команданти на УЧК без проблем ја...

Меџити доби јавна благодарност дека поранешните команданти на УЧК без проблем ја поминале границата

Јавна благодарност доби чаирскиот градоначалник и владин партнер Изет Меџити од организаторот на протестот за поддршка на поранешните команданти на косовката УЧК, Хисни Гуцати, дека поранешните команданти на УЧК без проблем и задржување ја поминале косовско-македонската граница. Според Гуцати, Меџити го гарантирал слободното движење на ветераните на УЧК.

-Штом генералите на ОВК пристигнаа во Скопје, границата е мирна, граѓаните ја преминуваат границата многу мирно, нема детална контрола. Сакам да им се заблагодарам на сите тие иницијатори кои ја презедоа иницијативата и испратија албански цариници и полицајци на границата и ова е најголемиот успех – рече Гуцати.

Тој за ова лично му се заблагодари на Меџити, пренесува Libertas.

-Ме извести и градоначалникот на Чаир, Изет Меџити, на кого му благодарам многу. Тој рече дека границата ќе биде отворена и е отворена за сите граѓани кои ќе дојдат да протестираат денес и дека границата е мирна – рече Гуцати.

Тој нагласил дека судењето на „ослободителите и војната на ОВК е волја на Русија и Србија“ со човек, како што вели тој, „лудак од Швајцарија, како Дик Марти, кој отиде во вечниот свет и ги понесе тие писма со себе“.

-Цврсто верувам дека ова го направила српската амбасада, заедно со руската во Швајцарија – рече претседателот на ОВК-УЧК, Хисни Гуцати.

На плоштадот „Скендербег“ во Скопје, во саботата се одржа протест за поддршка на поранешните команданти на косовската УЧК (Ослободителна војска на Косово – ОВК), на кои им се суди во Хаг за воени злосторства извршени за време на војната во 1998-99 година.

Претходно организаторите на протестот стравуваа од можни приведувања на граница на поранешни команданти на УЧК кои Србија ги бара со потерница.

ПредходнаЕвростат: Во Македонија има најевтина храна споредбено со Европа!
СледнаГодишната инфлација во Бугарија падна на 5,2 проценти во ноември, најниска во последните пет месеци